Утрински Весник
Свет

Една од најголемите фабрики за алуминиум во светот е затворена: „Длабоко сме вознемирени“

Screenshot 11 1024x520.avif.avif

„Емирати Глобал Алуминиум“ (ЕГА) објави дека е принудена целосно да се евакуира и веднаш да го затвори својот комплекс „Ал Тавила“ во Абу Даби поради неодамнешните ирански напади со ракети и беспилотни летала. Нападите предизвикаа значителна штета на објектот, кој се смета за еден од најголемите комплекси за производство на алуминиум во светот, објави „Андолу“.

Компанијата во соопштението наведува дека нападите погодиле објекти во рамките на економската зона Калифа во Абу Даби, вклучувајќи топилница, леарница, електрана, рафинерија за алуминиум и фабрика за рециклирање.


ЕГА соопшти дека обновувањето на производството на примарен алуминиум може да трае до 12 месеци, бидејќи ќе бидат потребни обемни поправки на инфраструктурата и постепено рестартирање на електролитските ќелии. Додаде дека рафинеријата за алуминиум и фабриката за рециклирање би можеле делумно да продолжат со работа порано, во зависност од проценката на штетата.

Извршен директор: Длабоко сме вознемирени

Главниот извршен директор Абдулнасер Бин Калбан изјави дека компанијата е „длабоко вознемирена од овој напад врз нашите луѓе“, истакнувајќи дека работници од повеќе од 40 земји биле на лице место во времето на нападот. „Благодарни сме што никој не претрпе повреди опасни по живот, а повредените успешно се опоравуваат“, рече тој.

Калбан го опиша објектот Ал Тавилах како „темел на глобалната економија“ и исклучително важен играч во снабдувањето со алуминиум во светот, предупредувајќи дека инцидентот може да влијае на индустриите низ целиот свет.

„Ќе направиме сè што можеме за да ги поддржиме нашите клиенти низ целиот свет во ова тешко време“, додаде тој, истакнувајќи дека компанијата веќе работи со клиенти чии залихи би можеле да бидат погодени од затворањето.

Топилницата Ал Тавилах произведе 1,6 милиони тони ливнат метал во 2025 година, додека рафинеријата за алумина произведе 2,4 милиони тони, покривајќи 46 проценти од потребите на компанијата. Објектот за рециклирање има годишен капацитет од 185.000 тони.

Можете да прочитате

Нови израелски напади врз Бејрут

Телефонски разговор Путин-Ердоган за судирите на Блискиот Исток

Напад во воз во Германија: Маж детонирал експлозив, па се заканувал со нож!