Утрински Весник
Македонија

Единствена Македонија: За која интеграција во ЕУ, кое немање алтернатива и за кои европски вредности зборува СДСМ

Единствена Македонија: За која интеграција во ЕУ, кое  немање алтернатива и за кои европски вредности зборува СДСМ

Цел месец партијата СДСМ повторува исто соопштение за наводен избор меѓу интеграција во ЕУ или изолација, за наводни европски вредности и маводно немање друга алтернатива за иднината на земјата, соопшти денес Единствена Македонија.

dobivaj vesti na viber

– За која интеграција во ЕУ зборува СДСМ кога Брисел кажува дека нема план за проширување туку само план за реформи во земјите кандидати или со други зборови нема интеграција за Македонија во Унијата. За кое немање алтернатива зборува СДСМ кога светот е многу поширок и не завршува до Брисел. За кои европски вредности зборува СДСМ кога земјата плива во безаконие, криминал, корупција, непотизам и национално предавство,- се вели во партиското соопштение.

Од партијата го повикуваат СДСМ „да не се глупира на отворена сцена и престане да го вознемирува народот со безлични соопштенија во стилот на расипана стара грамофонска плоча“.

Единствена Македонија ветува дека веќе после следните избори кога и да се одржат ќе знаеме за интеграција, за алтернатива и за вистинските вредности кои ги очекува и бара македонските народ и државјаните на Република Македонија, стои во соопштението испратено до јавноста.

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме