Едно лице загина, а 25 се повредени синоќа во руски напад со беспилотни летала и ракети врз југоисточниот град Запорожје, пренесоа светските агенции, повикувајќи се на соопштение на регионалните власти.
Како резултат на ноќниот напад, над 20.000 жители останаа без струја, а уште 17.000 без греење, изјави гувернерот на регионот Запорожје, Иван Федоров, кој рече дека во нападот бил уништен енергетски објект.
Русија редовно извршува воздушни напади врз украинските градови зад линијата на фронтот, најчесто насочени кон објекти во ослабената енергетска мрежа на земјата.