Филмскиот класик на Стивен Спилберг од 1982 година, „Е.Т. вонземјанинот“, е приказна за обидот на симпатичен вонземјанин да се врати дома, а сега љубителите на филмот ќе добијат шанса да го постават оригиналниот механички модел во својот дом. Ако имаат вишок три милиони долари.
Оригиналниот механички модел ќе биде понуден на аукцијата Icons and Idols: Hollywood, организирана од „Џилиен“ и „Тарнер касик мовис“ (TCM), за да се совпадне со 40-годишнината на филмот.
Моделот има 85 механички зглобови и напојува речиси сè, од очите до вратот и, се разбира, долгиот шпицест прст што го користеше за да го извести својот нов пријател Елиот дека сака „да се јави дома“. Со него раководеа 12 професионални аниматори.
Се смета за инженерско ремек-дело, а првично беше создаден од италијанскиот дизајнер на специјални ефекти Карло Рамбалди.
Се очекува на аукцијата да достигне цена од околу 3 милиони долари.
„Тим од куклари помогнаа да оживее вонземјанинот и да комуницира со неговите мали пријатели Елиот (Хенри Томас) и неговата помала сестра Герти (Дру Баримор)“, се сеќава Мартин Нолан, директор на аукциската куќа Julien’s Auctions.