Утрински Весник
Балкан

Ељшани: Најверојатно ќе бидат затворени сите објекти на „Пошта Србија“ на северот на Косово

Sss 1 1.webp.webp

Заменик-командантот на косовската полиција за северниот регион, Ветон Ељшани, денеска изјави дека досега се затворени шест објекти на „Пошта Србија“ на северот на Косово бидејќи работеле без лиценца, и оти најверојатно ќе бидат затворени и преостанатите три.

Тој за порталот Косев изјави дека сегашната акција, при која косовската полиција околу 14 часот влегла во сите девет објекти на „Пошта“ во четири општини на северот на Косово, била спроведена „откако добиле информација дека тие објекти работат без лиценца“, пренесе Бета.

-Денеска околу 14 часот полицијата спроведе операција на девет локации на северот на Косово, откако добивме информација и барање од органот за регулирање на електронската поштенска комуникација од Приштина дека на северот на Косово има пошти кои не се лиценцирани, поточно не се регистрирани, рече Ељшани.

Во тек е акција на уште три локации, а другите шест се затворени, информира Косев.

-Влеговме во овие девет локации, досега затворивме шест објекти. Откако видовме дека немаат лиценци, најверојатно сите девет објекти ќе бидат затворени. Досега работата се одвива без проблеми, рече тој.

Ељшани не прецизираше што точно е одземено од тие предмети во хартиените кеси кои полицијата ги извадила, но се претпоставува дека станува збор за документите на Република Србија, а не можел да потврди дали се запленети пари.

-Полициската постапка е таква што ако најдеме некакви докази, тогаш ги земаме и ги носиме кај обвинителот, а тој одлучува што ќе прави со нив. Не можам да кажам што точно е одземено, веројатно печати и документи. Зависи од тоа што е пронајдено, рече тој во пресрет на затворањето на седмиот објект, главната пошта во Косовска Митровица.

Во мај оваа година, косовската полиција веќе го затвори Министерството за финансии и пет филијали на Поштанската штедилница на северот на Косово.

Можете да прочитате

Подлегна на повредите тинејџерот кој беше претепан кај Хемиското училиште во Лесковац

Убиен е син на хрватски пејач во Еквадор

Хрватска ќе инвестира 2 отсто од БДП за одбрана во историска модернизација на војската