Утрински Весник
Македонија

Ќе се продава имот на Мијалков, на лицитација 20 станови, апартмани, земјиште…

Mijalkov.jpeg

Остатокот од имотот одземен од Сашо Мијалков во предметот „Империја“, наскоро ќе се најде на продажба, најавуваат од Агенцијата за одземен имот за „Скопје1“. Тие очекуваат од имотот, државата да инкасира нешто повеќе од 21 милион евра, што е за девет милиони евра помалку од сумата која Обвинителството ја соопшти кога се спогоди со ексшефот на УБК за ниска затворска казна. Сега, ќе се продаваат становите и гаражните места на Водно, (каде што Мијалков живееше), апартмани во хотелот на Водно, апартмани во Охрид, градежни земјишта и деловен простор.

„Најавуваме за многу брзо време објавување на јавен оглас за продажба останатиот дел од конфискуваниот имот по однос на оваа пресуда и тоа: -20 станови и 8 гаражни места на ул.Славејко Арсов; -2 апартмани во хотел Панорама Резиденс; -2 апартмани во хотел Парк во Охрид; – Градежно земјиште во КО Радња; – Градежно земјиште во Центар; -Градежно земјиште во Богородица; -Деловен простор на ул. 11 Октомври бр 32. Вкупниот проценет недвижен имот изготвен од страна на Министерство за правда-Биро за процени е во износ од 21.450.000 евра, што значи дека вo Буџетот на државата ќе се префрлат најмалку во тој износ“, велат од Агенцијата за одземен имот.


Досега, државата наплати 332.276 евра од продажба на три стана и гаража на Водно. И тоа, фирмата „Бест веј инвестмент“, фирма во сопственост на Јордан Мијалков, сама си ги купи.

Најголемиот дел од имотот, односно повеќе од 20 стана на истата локација на Водно ќе се продаваат сега, меѓу кои и парцела до хотелот „Мериот“.

Во јули 2022 година, Мијалков призна вина и се спогоди со обвинителката Лиле Стефанова во истрагата „Империја“ за перење пари.

Можете да прочитате

Претседателката Сиљановска-Давкова во посета на МАНУ

Ордановски: Мицкоски брка луѓе на Трамп по ходници за да се слика со нив, а со претседателот на САД нема никакви релации

Во тек се преговорите со откупувачите за новата реколта тутун