Утрински Весник
Македонија

Ќе се ограничи бруто профитната маржа, и ќе се утврди највисока цена во трговијата на мало и големо, рече Ристески

Image 224023.jpeg

Заменик министерот за економија Марјан Ристески на денешната прес-конференција во Владата кажа дека со цел да се заштити животниот стандард на населението односно да се намалат трошоците за живот во потрошувачката кошница за храна и пијалоци и кај средствата за лична хигиена Владата донесе одлука со која се ограничува маржата во трговијата на големо и мало на 10 групи на производи или над 1000 прехрамбени и непрехрамбени производи.

„Пет отсто бруто профитна маржа на основниоте производи: млеко, леб, брашно, јајца, масло за јадење, јогурт, 10 отсто ограничување на 55 прехрамбрени производи, месо, шеќер, путер, грав, ориз и тестенити, и ограничување на 15 отсто бруто профитна маржа на зеленчукот, бебешките производи, пелени, сапун, тоалетна хартија. Анализата на ДПИ покажа дека трговците на мало и големо пресметуваат бруто профтина маржа на основните прозводи во висина од 20-25 отсто, а од 20-50 отсто во трговијата на големо. Се задолжува овие производи да бидат 70 отсто присутни на рафт“, рече Ристески.


Тој притоа посочи дека втората одлука на Владата е за утврдување на највисоки цени односно оние цени кои важеле на 1 февруари 2025 година. Двете одлуки стапуваат на сила откако ќе бидат објавени во службен весник. Очекувањата се дека цените ќе се намалат во просек за 10 отсто, додека основните производи ќе останат на исто ниво односно да имаат минимално намалување.

Можете да прочитате

Материјална штета предизвикана од пожарите во кумановско

МЗ со препораки за најавениот топлински бран во следните денови

Костовски обединува и најавува победа за подобро Куманово