Џејми Фокс го прекина молкот по хоспитализацијата поради исклучително лоша здравствена состојба.
Оскаровецот (55) останува во болница во Атланта, каде што со денови е под опсервација откако му се слоши на снимањето на акционата комедија „Повторно во акција“.
Не е познато за каков итен случај станува збор и засега нема детали за неговата состојба.
Во средата Џејми се огласи на „Инстаграм“ за да се заблагодари за поддршката што ја доби.
„Ја ценам сета љубов! Се чувствувам благословен!“, напиша тој и додаде емотикони со раце што се молат, срце и лисица. Фановите и познатите личности испратија убави желби и пораки во делот за коментари.
Меѓу нив беше и пејачот Лудакрис, како и Еј Џеј Меклин од „Бекстрит бојс“, кој напиша: „Брат, оздрави побргу и дојди дома“.
Актерот моментно се наоѓа во медицинска установа, каде што е подложен на тестови по мистериозната случка за време на снимањето на филмот на „Нетфликс“, во кој и глуми и е продуцент.
Деталите за итната интервенција поради која Џејми е сместен во болница сè уште не се објавени, но неговите фанови продолжуваат да испраќаат љубов и молитви за брзо закрепнување.