Утрински Весник
Свет

Ќе има ли влада на Марија Габриел? Во понеделник треба да достави список на министри, потврди бугарскиот претседател

Ќе има ли влада на Марија Габриел? Во понеделник треба да достави список на министри, потврди бугарскиот претседател

Во понеделник во 15:00 часот, Марија Габриел на претседателот Румен Радев ќе му го врачи завршениот прв мандат. Тој ова го соопшти во Јамбол, каде присуствува на младински спортки турнир.

dobivaj vesti na viber

Радев одби да коментира за други политички актуелни теми. „Не сакам да им го расипувам празникот на децата со политички изјави. Ќе се вратиме од понеделник. Мора да има одржлива политика, мора да има јасни принципи“, рече претседателот.

„Идејата за уставна влада е добра, но прво нека има просто мнозинство за да имаме влада. Ова е најважно за да имаме парламент што може да го разгледа прашањето за уставни промени“, рече Радев, цитиран од БНТ.

Понеделник е рокот во кој кандидатот за премиер на ГЕРБ, Марија Габриел, мора да излезе пред претседателот со завршен мандат – односно со конкретни имиња на министри.

Таа ја има поддршка од ДПС и ИТН. Разговорите за министрите се во тек.

Денеска заменичката на ГЕРБ и поранешна министерка за енергетика Теменузка Петкова за Нова ТВ изјави дека во кабинетот на Марија Габриел ќе има експерти од ДПС и ИТН, токму затоа што ја поддржале.

Можете да прочитате

Руско МНР: СБ на ОН повеќе не може да ги користи старите шаблони за Северна Кореја, Кина нема да ги поддржи санкциите

Туск: Почна нова ера на војни во Европа

Бербок: Израел по војната треба да се откаже од контролата врз Појасот Газа