Утрински Весник
Економија

Ќе ги добијат ли граѓаните парите од Мој ДДВ?

Mo Ddv.webp.webp

Август е месецот кога Управата за јавни приходи треба на граѓаните да им ги исплати парите од скенираните фискални сметки преку „Мој ДДВ“.

Но месец август влегува во последната недела, а на граѓаните се уште не им се исплатени парите.

Доцнењето на исплата предизвика бурни реакции кај граѓаните кои ревносно скенираат фискални сметки и на секои три месеци добиваат надополнување на семејните буџети.

Од УЈП се правдаа дека го чекаат ребалансот на Буџетот, но тој иако се изгласа на 12 август, исплата на „Мој ДДВ“ се уште нема.

Сепак, од Управата информираат дека исплатата на средствата ќе се случи до крајот на месец август односно во следната недела.

„Известуваме дека во однос на враќање на дел од данокот на додадена вредност искажан во фискалните сметки на физичките лица за последното тримесечје се генерираат налози за отпочнување на исплатата. За ова тримесечје ќе се исплатат околу 858.059.205 милиони денари на 491.407 граѓани кои скенирале фискални сметки за период април-јуни 2024 година“, велат од УЈП.

Мерката „Мој ДДВ“ започна со реализација на први јули 2024 година и оттогаш кон стотици илјади граѓани исплатени се десеттици милиони евра.

Можете да прочитате

УЈП започна контроли на приливите од странство остварени во текот на 2021 година

Вештачка интелигенција и истражувања од воздух: Шпанија бара нови минерални богатства под земјата

СДСМ: Следуваат нови поскапувања, а Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните