Утрински Весник
Македонија

ДЗС со само еден функционален авион: „Ер тракторот“ во Прилеп се користи превентивно

Img 3672.jpeg

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) моментално има само еден функционален авион „Ер трактор“ од трите што ги поседува, информира директорот на ДЗС, Џеват Селами. Според него, иако пред три дена биле повикани механичари од Шпанија да ги поправат авионите, проблемите со опремата повторно се појавиле следниот ден.

„Едниот авион треба да се сервисира, а другиот го поправивме пред три дена во Прилеп, кога оперираа два авиони. Ги повикав механичарите од Шпанија, тие ги поправија авионите и истиот ден работеа, но пак се појави истиот проблем. Моментално само еден авион е во употреба, а за другиот мора да почекаме до утре да видиме дали ќе може да лета или не,” изјави Селами.

Од друга страна, директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, вели дека во овој момент нема потреба од дополнителни летала. Според него, едниот функционален „Ер трактор“ се користи превентивно за гаснење на пожарот во прилепско.

„Денес користиме превентивно еден „Ер трактор“ во Прилеп и немаме потреба од други летала. Пожарот не е тежок, но страв ни е да не излезе од контрола, бидејќи брзо се суши вегетацијата,” изјави Ангелов.

И покрај ограничените ресурси, ДЗС и Центарот за управување со кризи се подготвени за навремена реакција доколку се појави потреба од дополнителна поддршка за справување со пожари.

Можете да прочитате

Алармантни бројки: Секое десетто дете во Македонија умира поради загадениот воздух

Трагедија во Тетово: Мајка и четиригодишна ќерка пронајдени мртви во семејната куќа

Спасовски: Кредитот од Унгарија има недефинирани трошоци