Утрински Весник
Економија

ДЗР: Констатирани неправилности и системски слабости во Комисијата за хартии од вредност

20250610085433 big 730x400 61.webp.webp

Повеќе нерегуларности и системски слабости покажала Ревизијата на финансиски извештаи и ревизија на усогласеност на Комисија за хартии од вредност на Република Северна Македонија што ја направил Државниот завод за ревизија.

ДРЗ контатирал дека било извршено бришење од сметководствената евиденцијата на расходуваните движни ствари по попис, без одлука на Владата и без спроведување на постапка за нивно отстранување, како и оти исплата на плата на дел од вработените се врши за не полно работно време и применета пониска стапка при пресметка на надоместокот при спреченост на работа (боледување).


Во Извештајот се констатира дека се направени расходи без поткрепувачка документација и набавки на стоки и услуги без спроведување постапка за јавна набавка над законски вредоносно утврдениот праг.

Нотирана е и потребата од уредување на платата и надоместоците на избраните и именувани лица од Собранието, претседателот и комисионерите (членовите) на Комисијата со закон, потребата платата на вработените во Комисијата да биде уредена со закон или со Колективен договор и преземање активности за изменување и дополнување на регулативата – подзаконски акти, со кои ќе обезбеди доследно почитување на сметководственото начело на „модифицирано настанување на деловните промени, односно трансакции“. 

Можете да прочитате

Трендафилов: Верувале или не, платите растат, ама не на работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Грантови до 10.000 евра за млади и ранливи групи преку мерките од Оперативниот план на Владата

Поскапува дизелот-Ова се новите цени на горивата