Утрински Весник
Спорт

Дводневен вело-фест во Конче и Мантово

Дводневен вело-фест во Конче и Мантово

Претстојниот викенд на 8 и 9 јули ќе се одржи дводневниот велосипедски настан Авантурите на Конче и Мантово, на Езерото Мантово во Општина Конче.

dobivaj vesti na viber

Во рамките на овој вело-фест ќе се одржат две велосипедски тури, кои ќе бидат надополнети со интересна програма.

Во сабота, покрај велосипедската тура околу езерото Мантово и можноста учесниците да кампуваат на брегот на езерото, во програмата се предвидени саем на локални производи и културно уметничка програма составени од настапи на фолклорни ансамбли, диџеј и бенд во живо.

Во недела е предвидена главната велосипедска тура во должина од 56 километри, по маркирани патеки низ природните предели на општината Конче кои за прв пат ќе им станат достапни на посетителите на настанот.

Се очекува во настанот да земат учество над двесте велосипедисти, а за сите заинтересирани пријавувањето е се уште отворено и може да се направи преку веб страницата prvdovrv.mk.

Учеството е целосно бесплатно и покрај наведените содржини, за учесниците се обезбедени и оброци, пијалаци, маички и сувенири.

Настанот е наменет за сите оние кои рекреативно возат планински велосипед, кои се чувствуваат физички подготвени за повеќечасовно возење во планинско-ридски предели и кои поседуваат неопходна опрема за ваков тип на возење.

Ко-организатор на настанот е здружението за спорт и рекреација Прв до врв од Скопје, а истиот е дел од проектот Netoural кој е ко-финансиран од Европската Унија преку Интеррег-ИПА програмата за прекугранична соработка со Грција.

Можете да прочитате

Хагерти за Надал: Организиравме сè онака како што сакаше Рафа

Поранешен фудбалер со нож нападнат во Њујорк

Намибиски новинар му одговори на Перез: Тој е фрустрирана личност