Утрински Весник
Свет

Двојни цени за гориво: 2,6 евра за странци, 1,62 евра за Унгарци

189b3cb4 14ef 419e 925c 0008f74e06ab.jpeg

Разликата во цените на горивото во Унгарија меѓу домашните граѓани и странците добива конкретна потврда преку сметка од бензинска пумпа на ОМВ, која покажува значително повисока цена за странски возачи.

Според податоците, цената за странци изнесува 909,9 форинти по литар, што е приближно околу 2,39 евра, додека унгарските граѓани плаќаат 615 форинти, односно околу 1,62 евра за литар.


На приложената сметка се гледа дека за точени 20,12 литри дизел по цена од 909,9 форинти, вкупната сума изнесува 18.307 форинти, односно 53,06 евра, што е значително повисок трошок во споредба со цената што ја плаќаат локалните жители.

Оваа разлика од речиси 300 форинти по литар (околу 0,75 евра) отвора сериозни дилеми за еднаквоста на пазарот и третманот на странските потрошувачи. Практиката, која веќе извесен период се применува во Унгарија, има за цел да ги заштити домашните граѓани од ценовни шокови, но истовремено предизвикува критики за можна дискриминација.

Експертите во Унгарија предупредуваат дека ваквите мерки можат да влијаат врз транзитниот сообраќај и туризмот, особено кај возачите кои минуваат низ земјата и се соочуваат со значително повисоки трошоци за гориво.

Можете да прочитате

Ердоган вели дека Турција работи на воспоставување мир во војната на САД и Израел против Иран

Хезболах: Ќе спречиме израелска окупација на јужен Либан

Кос: Членство на Украина во ЕУ до 2027 година е „невозможно“