Утрински Весник
Свет

Двегодишно дете од Бразил со пиштол ја застрелало својата мајка

Majka2.jpg

На социјалните мрежи се шири вознемирувачка снимка од моментот кога двегодишно момче случајно ја застрелало мајка си откако го земало пиштолот на неговиот татко, јавуваат бразилските медиуми.

На снимката од надзорните камери во семејниот дом во бразилската држава Мато Гросо до Сул се гледа како момчето зема пиштол од масата и го влече чкрапалото додека мајка му се врти кон него.


Родителите седеле и разговарале и не забележале дека момчето посегнува по оружјето. На видеото се гледа како куршумот ја погодил жената во градите и раката. После тоа, таа станала, но набрзо паднала на подот. Момчето истрчало кон мајка си, а неговиот татко го зел оружјето од подот.

Жената беше идентификувана како 27-годишната Дебора Родригес Монтеиро, а нејзината фотографија беше објавена во бразилските медиуми. Полицијата отвори итна истрага и потврди дека таткото на момчето, инаку земјоделец со дозвола за поседување оружје, ќе одговара за убиство од небрежност.

Според локалните медиуми, детето најверојатно ќе биде вклучено во програма за психолошко советување. Засега не се знае дали ќе остане со својот татко или ќе биде предаден на социјалните служби.

Началникот на локалната полиција Даниеле Фелисмино потврди дека жената била пренесена во болница, каде што била констатирана смрт. Полицијата ги запленила пиштолот и муницијата, а обдукцијата била извршена во саботата наутро, ден по трагедијата. Резултатите се уште не се објавени. Згрозените жители на градот и општината Рио Верде де Мато Гросо на социјалните мрежи изразија сочувство на семејството.

Можете да прочитате

Девет лица го загубија животот, а 26 се повредени во експлозија во фабрика за пиротехника во Кина

Зеленски: Нападот врз Киев е најтежок од почетокот на војната, Русија употреби повеќе од 440 дронови

Израел тврди дека го убил началникот на Генералштабот на Иранската револуционерна гарда