Утрински Весник
Македонија

Две жени во Кавадарци се затруле од расипани велигденски јајца

Crveni jajca.jpg

Во Итната медицинска помоша во Кавадарци, две жени на возраст од 62 и 56 години побарале помош каде биле медицински третирани под сомнеж за труење со заостанати велигденски јајца.

Едната била задржана на болничко одделение во кавадаречката болница, а другата, по неколкучасовно медицинско следење, сама изразила желба да си оди дома, бидејќи, како што рекла, се чувствувала подобро. Оваа информација ја потврди за МИА, доктор Антоан Паракеов, началник на Службата за итна медицинска помош во Кавадарци.


Ратко Грков, доктор во Итна медицинска помош број еден, рече дека и во негова смена, имало пациенти кои се пожалиле на лесни симптоми на труење, а кажале дека претходно консумирале велигденски јајца.

Паракеов и Грков апелираа до населението за внимателност при консумирање преостанати велигденски јајца од празникот, до цел да се избегнат несакани последици од консумирање постара храна.

Можете да прочитате

Почина новинарката Гордана Дувњак – 24info.mk

ВЛЕН: Неуспехот на пет министри од ДУИ го оставија албанскиот јазик надвор од правосудниот испит

Средба на Сиљановска-Давкова со казахстанскиот министер за трговија и интеграции, Арман Шакалиев