Утрински Весник
Македонија

Две тинејџерки извлечени од Охридското езеро, со СУП даски заглавиле сред езеро

Ohrid.jpg

Вчера во 19:55 часот во Полициската станица за граничен надзор Охридско езеро во Охрид било пријавено дека две лица кои со „СУП” даски пловеле во водите на Охридското езеро на околу 1000 метри од езерскиот брег, наспроти авто камп во Охрид, со извикување барале помош.

Полициски службеници од езерската полиција, веднаш се упатени на посочената локација, по што на околу 2000 метри оддалеченост ги забележале двете лица на даските, кои се обидувале да го одржат пловењето и барале помош.

Полициските службеници веднаш пристапиле и презеле мерки за нивно безбедно префрлање на полициските чамци, по што констатирале дека се работи за Е.С.(19) и И.А.(18), двете од Охрид, кои поради нагло влошување на временските услови со силен ветар и големи бранови, со даските се повеќе се оддалечувале и не биле во можност да се вратат на брегот. Тие безбедно биле пренесени во просториите на езерската полиција.

Можете да прочитате

Двајца скопјани измамени за над 35.000 евра со лажни крипто валути

Мицкоски: Очекувам Обвинителството да отпочне постапка за проверка на 400 пријави за неквалитетна вода во 2021 година во Гостивар, а не се преземало ништо за заштита на здравјето на гостиварци

Петровска: По „Скопје 2014“ ни подготвуваат „Скопје 2028“ – 21 милион евра без тендери и независна контрола