Утрински Весник
Свет

Две сестри киднапирани и силувани, па обесени за дрво во Индија

Две сестри киднапирани и силувани, па обесени за дрво во Индија

Две сестри тинејџерки се пронајдени oбесени на дрво во индиската држава Утар Прадеш, во најновиот случај на киднапирање и силување.

dobivaj vesti na viber

Полицијата соопшти дека телата на сестрите биле пронајдени синоќа во областа Лакимпур. Полицијата покрена истрага откако семејството пријавило дека девојчињата биле киднапирани и силувани. Шест мажи се уапсени за силување и убиство, а телата на жртвите се испратени на обдукција, јави Би-би-си.

Локалните медиуми објавија дека мајката на девојчињата рекла дека ги однеле мажи на мотори, а дека и таа била нападната кога се обидела да ги запре. Семејството потоа тргнало во потрага, но ги нашло обесени на дрво.

Девојките, помлади од 18 години, припаѓале на кастата Далит, која е на дното на длабоко дискриминаторската хинду хиерархија. И покрај уставната заштита, оваа заедница често се соочува со предрасуди и насилство.

19-годишна девојка од оваа заедница беше жртва на групно силување и убиство во областа Хатрас во Утар Прадеш во 2020 година, што наиде на осуда во јавноста.

Можете да прочитате

Моќна соларна бура се движи кон Земјата: Последиците може да бидат катастрофални (ВИДЕО)

Русија ракетираше украинска воена база, загинаа 12 војници, 60 се повредени

Руските истражители сметаат дека дека уривањето на двата моста во Курск и Брјанск се „терористички акти“