Утрински Весник
Свет

Две починати и најмалку 100 хоспитализирани луѓе во Јапонија по земање суплементи

Supplements.jpg

Смртта на две лица и повеќе од 100 хоспитализации во Јапонија е поврзана со консумирање додатоци во исхраната од црвен ориз на фармацевтската компанија „Кобајаши“, соопшти јапонското Министерство за здравство.

Производител на лекови со седиште во Осака вчера објави дека едно лице починало од бубрежна болест откако очигледно земало додатоци „бени-коџи“ околу три години.

Вториот смртен случај е пријавен во Министерството за здравство, труд и социјала откако е отворена истрага во компанијата, јавува „Кјодо“.

Според Министерството, „Кобајаши“ соопшти дека106 лица биле хоспитализирани по консумирањето на суплементите, и околу 3.000 прашања ја изразувале здравствена загриженост на телефонските линии на компанијата.

Компанијата ги повика клиентите да престанат да користат апчиња „бени коџи“ кои се рекламираат како додаток за намалување на холестеролот и крвниот притисок.

Таа пилула е всушност ориз, ферментиран со еден вид црвено-виолетова мувла (monascus purpureus) кој се користи и како боја за разни прехранбени производи.

Од компанијата „Кобајаши“ се сомневаат дека проблемот настанал поради неоткривање на токсична супстанција во мувлата, а засегнатите клиенти пријавиле симптоми како обојување на урината, отечени екстремитети и замор.

„Иако вредно ги утврдуваме фактите и причинско-последичните врски, сакаме да го објавиме ова заради брзо откривање информации. Нашата компанија секогаш го ставаше здравјето на нашите клиенти на прво место и искрено се извинуваме за оваа ситуација“, изјавиле од „Кобајаши“.

Можете да прочитате

Путин забрани посвојување руски деца од граѓани на земји каде промената на полот е законски дозволена

Се урна авион во Костарика: петмина мртви, една жена се бори за живот

Мексиканците ќе бидат првите кои сами ќе избираат судии – повеќе од 34.000 кандидати за 881 судија