Утрински Весник
Македонија

Две лица повредени во сообраќајна несреќа во скопската населба Илинден

Две лица повредени во сообраќајна несреќа во скопската населба Илинден

Две лица се повредени, меѓу нив еден малолетник, во сообраќајната несреќа помеѓу возила во општина Илинден.

dobivaj vesti na viber

Имено вчера во 14.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат с.Кадино кон с.Бунарџик, општина Илинден, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „опел астра“, управувано од М.Ј.(42) од с.Марино, општина Илинден и патничко моторно возило „фолксваген голф“, управувано од С.М.(65) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот М.Ј., а со телесни повреди се здобил малолетен сопатник од истото возило, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, соопшти полицијата.

Можете да прочитате

Земјотрес ја стресе Македонија – Каде е епицентарот?

Пожарот во Виница е под целосна контрола, неколкумина пожарникари се здобиле со изгореници

Петровска: Власта е нервозна заради нашето барање за декласификацијата на документите од АНБ