Утрински Весник
Македонија

Две лица повредени кога „фолксваген голф“ изгубил контрола и излетал од патот

МВР со детали за сообраќајката кај Штип: загинало и малолетно девојче

Синоќа околу 18.00 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Арачиново-Куманово, во атар на с.Никуштак, патничко моторно возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Р.Н.(61) од с.Отља, липковско, изгубило контрола и излетало надвор од коловозот.

dobivaj vesti na viber

По несреќата возачот Р.Н. и неговиот сопатник И.Ф.(65) од липковско биле пренесени во Општа болница Куманово каде на Р.Н. му биле констатирани телесни повреди, а на И.Ф. му биле констатирани тешки телесни повреди.

За настанот бил известен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.

Можете да прочитате

Граѓани поднесоа кривична пријава против Зоран Витанов за „Мајворлд“

Брачен пар физички нападнат во подземна гаража во Центар

Левица: Стотици млади правници оставени во неизвесност поради партиски препукувања