Утрински Весник
Македонија

Две години условна казна за лекарка од Онкологија поради несовесно лекување

Screenshot 2025 09 05 125922.png

Лекарка од Клиниката за онкологија доби условна казна затвор од две години, која нема да се изврши доколку во следните пет години не стори ново кривично дело.

Таа беше обвинета за несовесно лекување болни, а на рочиштето ја призна вината. Обвинетата пред судот потврди дека својот факсимил и лозинка за пристап до внатрешниот компјутерски систем на Клиниката ги оставала на располагање на други специјалисти и специјализанти.


Според обвинителството, токму поради ваквата практика, на седум пациенти – кои во меѓувреме починале – им биле препишувани лекови и терапии кои довеле до влошување на нивната здравствена состојба.

Можете да прочитате

Претрес во Неготино, пронајдена дрога, приведено едно лице

Загина мотоциклист од ресенско, изгубил контрола и излетал од патот

Приведен 19-годишник од Кочани, правел експлицитни видеа од поранешната девојка и ги споделувал со трети лица