Утрински Весник
Свет

Две анкети покажаа дека Трамп ќе ја победи Харис на изборите

Tramp.jpg

Две политички анкети спроведени откако претседателот на САД, Џо Бајден ја повлече својата кандидатура, покажуваат дека неговата заменичка Камала Харис, доколку биде избрана за кандидат на Демократската партија, ќе загуби од нејзиниот ривал, републиканскиот кандидат, Доналд Трамп.

Харис рече дека ја обезбедила поддршката од мнозинството делегати на Демократската национална конвенција за да биде номинирана од Демократската партија.

Сепак, две анкети објавени од Њузвик покажуваат дека Харис можеби „не е доволно силна“ за да го победи Трамп.

Анкетата „On Point Politics/Social Research“ спроведена по најавата на Бајден анкетираше 801 гласач. Од анкетираните, 51 отсто одговориле дека би гласале за Трамп доколку изборите се одржат денеска, додека 43 отсто би гласале за Харис, а шест отсто се неопределени.

Анкетата на Morning Consult исто така покажа дека Трамп води. Според анкетата, за Трамп гласале 47 отсто од испитаниците, а за Харис 45 отсто.

Можете да прочитате

Пезешкијан: Одлуката за ставање крај на војната е во рацете на САД

Арапските партии дисквалификувани од изборите во Израел, одобрено учеството на крајнодесничарската „Оцма Јехудит“

Десетици делегати демонстративно ја напуштија салата на Генералното собрание на ОН на почетокот на говорот на Нетанјаху