Утрински Весник
Свет

Дванаесет загинати, десетици илјади евакуирани поради поплави во Кина

20260520090052 big 730x400 62.webp.webp

Силни врнежи дожд со поплави неделава ја погодија Кина, при што животот го загубиле најмалку 12 лица, а десетици илјади се принудени на евакуација, јавуват кинеските државни медиуми.

Телевизијата „Си-Си-Ти-Ви“ објави дека пет лица загинале, а 11 се водат како исчезнати во округот Шимен во провинцијата Хунан, каде врнежите не престануваат, а спасувачките служби интензивно работат на терен во отежнати временски услови.


До синоќа во реонот биле евакуирани повеќе од 19.000 луѓе, јави државната агенција „Синхуа“.

Во некои области се забележани рекордни врнежи до 339 милиметри во рок од 24 часа, а локално и до 240 милиметри воден столб за само неколку часа.

Во соседната провинција Хубеј улиците се претворени во реки, а спасувачите користеле гумени чамци за евакуација на заглавени жители.

Во југозападната провинција Гуиџоу, според извештаите, четири лица загинале, а пет се водат како исчезнати, додека илјадници луѓе се евакуирани.

Можете да прочитате

Во ЕУ постигнат прелиминарен договор по однос трговските односи со САД

Интензивни напади со дронови врз Одеса, Зеленски одобрил јунски оперативен план за напади врз руски цели

Најмалку десет загинати во израелски напад врз јужниот дел на Либан