Утрински Весник
Балкан

Два земјотреси во Грција: Првиот удар 4,6 степени, а вториот 4,9

Whatsapp Image 2024 10 07 At 08.25.36 Ce93a78e.jpg
Dik 300x250 mk

Два силни земјотреси утрово ја погодија Грција. Првиот беше со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала, а вториот 4,9. Како што соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки институт (EMSC), епицентарот бил островот Крит.

Првиот земјотрес се случил на длабочина од 10 километри, додава EMSC, а епицентарот бил на 40 километри југоисточно од градот Сити, кој има околу 9.000 жители.

Засега нема информации за жртви и материјална штета.

Можете да прочитате

Армијата излегува на улиците во Словенија

Рама: Непризнавањето на Косово од страна на Србија е суштински проблем за Балканот

Во Турција се одбележа 102-годишнината од прогласувањето на Републиката