Утрински Весник
Свет

Два силни земјотреси во Романија

Zemjotres 1.jpg

Два земјотреси го погодија Вранча, Романија, утрово, објави Националниот институт за физика на Земјата (INFP). Според INFP, првиот земјотрес е регистриран со магнитуда 4,19, а вториот со магнитуда 5,11, двата со магнитуда од 4,2 степени според Рихтеровата скала, објави „digi24“.

Епицентарите биле во близина на Фокшани, Бузау, Сфанту-Георге и Брашов, на длабочина од околу 130 километри. Ова е трет земјотрес во Вранча оваа недела – претходниот се случи во среда, исто така со магнитуда од 4,2. Најсилниот земјотрес минатата година е регистриран на 16 септември во округот Бузау, со магнитуда од 5,4 степени според Рихтеровата скала.


Можете да прочитате

Напад во близина на нуклеарната централа Бушер во Иран

Русија ги продава своите златни резерви за да го закрепне својот буџет

САД и Ирак ќе ја „интензивираат соработката“