Утрински Весник
Спорт

Два нови светски рекорди на СП во пливање во мали базени во Мелбурн

Два нови светски рекорди на СП во пливање во мали базени во Мелбурн
Dik 300x250 mk

Штафетата на Соединетите Американски Држави на 4х50 метри мешано го освои златниот медал со нов светски рекорд на Светското првенство во мали базени кое се одржува во Мелбурн, Австралија.

dobivaj vesti na viber

Штафетата во состав Рајан Марфи, Ник Финк, Кејт Даглас и Тори Хаски исплива за време од 1:35.15 минути и постави нов светски рекорд. Сребрениот медал им припадна на Италијанците, а бронзата ја заслужи штафетата на Канада.

Женската штафета на Австралија на 4х200 метри слободно исто така постави нов светски рекорд. Австралијките пливаа во состав Медисон Вилсон, Моли Окалахан, Леа Нил и Лани Палистер и постигнаа време од 7:30.87 минути, речиси две секунди подобро од досегашниот најдобар резултат на штафетата на Холандија од 2020 година.

Среброто и припадна на штафетата на Канада, додека со бронза се закитија Американките.

Рајан Марфи стигна до златниот медал на трката на 100 метри грбно, а бразилскиот пливач Николас Сантош освои злато во трката на 50 метри пеперутка.

Можете да прочитате

Беќири: Ваквите победи се послатки

Осимен блесна со два гола за Галатасарај, Атлетик Билбао со пресврт до први бодови во Лигата на шампионите

ЕХФ воведува ново натпреварување на ниво на репрезентации