
Два инциденти со физички напади се регистрирани вчера на подрачјето на Чаир. Во првиот случај, на 8 декември во 17:30 часот, полициски службеници од СВР Скопје го приведоа С.К. (43) од село Драчевица, општина Студеничани, по претходна пријава дека со тврд предмет го нападнал М.Ч. (46) од Скопје.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, соопшти МВР. Во вториот случај, М.Т. (38) од Скопје пријавил дека околу 19:05 часот бил физички нападнат од И.А. На случајот се преземаат мерки за расчистување.

