Утрински Весник
Свет

Двајца Срби изведени пред суд: во Приштина се одржува рочиште за нападот врз полицијата

Двајца Срби изведени пред суд: во Приштина се одржува рочиште за нападот врз полицијата
Dik 300x250 mk

Двајца Срби осомничени за тероризам денеска се донесени во Основниот суд во Приштина каде се одржува рочиште за нападот на косовската полиција во Бањска.

dobivaj vesti na viber

Б.С. и Д.М. на првото рочиште се изведени пред Специјалното одделение за учество во вооружен судир со полицијата.

Специјалното обвинителство на Косово соопшти дека поднело барање за определување мерки притвор против три лица – В.Т., Б.С. и Д.М. за разни кривични дела, пишува Н1.

Тие се товарат за: „тешки дела против уставниот поредок и безбедноста на Косово“, „вршење терористички дејствија“, како и „тешки дела против уставниот поредок и безбедноста на Косово“ од член 126 и „сторување терористички акти“.

Во понеделникот вечерта во болницата во Приштина се одржа сослушувањето на В.Т., третиот од уапсените, кој беше ранет за време на конфликтот со косовската полиција.

Поради здравствени околности В.Т. одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена.

Можете да прочитате

Кошта: Проширувањето на ЕУ сега стана реална можност

Закана за бомба во авион? Драма во Вашингтон: Сите летови одложени…

Австралија ќе им обезбеди на жителите три часа бесплатна сончева енергија дневно