Утрински Весник
Македонија

Двајца починати од ковид, за една недела пријавени нови 213 нови позитивни случаи

Infektivna.jpg

Од вкупно направени 597 теста, за една седмица во земјава се регистрирани 213 нови позитивни случаи на ковид-19, информира Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во најновиот извештај.

Во седмицата од 19 до 25 август регистрирани биле заболени лица во 18 градови. Најголем дел од случаите биле од Скопје – 99, Кавадарци – 23, Охрид – 20, Тетово – 18, Битола – 17. Заболените се од сите возрасни групи, а најголем број од нив се над 60 години.

ИЈЗ информира и за две починати лица на возраст од 48 до 88 години, со коморбидитети, починати во болнички услови. Едното лице било невакцинирано, а другото примило две дози вакцина против ковид-19.

Можете да прочитате

СДСМ: Мицкоски излажа дека парите не се од Кина, меѓународни медиуми го потврдија тоа

Кузеска: ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ да се охрабрат и да го поддржат Законот за бранители

Приведени три лица, еве што најде полицијата кај нив