Утрински Весник
Свет

Двајца мртви и пет исчезнати во судир на брод за крстарење и чамец на Дунав кај Будимпешта

151f987aacc1400f8eafd15781ef8f48.jpg

Две лица загинаа, а пет се водат како исчезнати по судир на мал моторен чамец и речен брод за крстарење на Дунав северно од Будимпешта што се случи доцна во саботата, соопшти полицијата во неделата.

Телата на возрасен маж и жена се пронајдени северно од главниот град, а властите се уште трагаат по пет исчезнати лица.

Сома Чечи, портпарол на полицијата во Будимпешта, на прес-конференција рече дека, според досегашните сознанија, на малиот брод имало вкупно осум возрасни лица и потврди дека две лица загинале, а пет се водат како исчезнати. Тројца мажи и две жени моментално се бараат со глисери и дронови, јавува унгарскиот портал Кема.

Можете да прочитате

Европскиот парламент го критикува Зеленски поради спорот со Полска

Песков: Русија ќе преземе контрамерки ако нуклеарно оружје стигне до Балтикот

Иран се закани дека ќе ја блокира Ормуската теснина откако Трамп најави нови напади