Утрински Весник
Македонија

Двајца млади тетовчани завршија зад решетки

Zatvorr.png

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Е.К.(22) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и „напад врз службено лице при вршење на работи од безбедноста“ и против Н.С.(23) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

На 28.08.2024, по претходно добиени оперативни информации и преземени соодветни мерки и активности, лицата се лишени од слобода со уште двајца малолетници во с.Палатица, на место викано „Рон Скура“ во импровизирана колиба, каде препакувале марихуана за натамошна продажба. Притоа, биле пронајдени марихуана, пиштол и куршуми. При приведувањето, Е.К. нападнал полициски службеник.

Од страна на судија на претходна постапка од Основен суд Тетово, на прво и второ пријавениот одредена им е мерка притвор во траење од 30 дена.

Можете да прочитате

Битиќи: Најавеното намалување на ДДВ на горивата на 10% е неадекватна и задоцнета мерка

Пронајдена дрога во Битола, приведени три лица

МВР со нови информации: Пронајденото тело во Зрновци во фаза на распаѓање