Утрински Весник
Македонија

Двајца малолетници тешко повредени во сообраќајка во струшко

Policija 3.jpg

На 24.07.2024 во 22.50 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека на крстосница од регионален со локален пат, помеѓу струшките села Боровец и Лабуништа, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл, управуван од малолетник од с.Лабуништа и патничко возило „фолксваген пасат“, управувано од Ф.Н.(53) од с.Лабуништа, двете со струшки регистарски ознаки, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мотоциклот и неговиот малолетен сопатник констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Струга.

Можете да прочитате

Дилеми во образовниот систем: Дали Македонија треба да ја укине деветолетката?

ЛДП: „Нула денари” е најскапата лага – Владата призна „Рекет на стероиди” со авансна уплата за идни привилегии, монополи и институционална заштита!

Утрово без задржувања на граничните премини