Утрински Весник
Македонија

Двајца екс градоначалници на Кочани префрлени во куќен притвор

Gradonacalnici Kocani Papazov Ilijev Dimitrovski Scaled 1.jpg

Поранешните градоначалници на Кочани, Ратко Димитровски и Николчо Илијев одат во куќен притвот, одлучи Основниот суд Кочани кој ја прифати нивната жалба на одлуката за притвор. Од ОЈО соопштија дека е вложена жалба на одлуката до Апелациониот суд во Штип.

– Постапувајќи по поднесени жалби од вкупно 17 осомничени, Основниот суд Кочани ги одби жалбите на 14 лица и ја потврди мерката притвор. За 3 лица мерката ефективен ја замени со куќен притвор. За двајца од нив, поранешни градоначалници на Кочани, ОЈО Кочани вложи жалба пред Апелацискиот суд Штип и побара да опстои мерката ефективен притвор, соопштија од ОЈО.


Не е вложена Жалба од страна на ОЈО за поранешна директорка на ДПИ, која во жалбата изнесе околности и причини поради кои обвинителството е согласно дека мерката куќен притвор е адекватна.

Останатите лица остануваат во ефективен притвор.

Можете да прочитате

Томас Вајц под закани поради извештајот за Македонија

Томас Вајц под закани поради извештајот за Македонија

За 14 години, Македонија изгубила 11,4 отсто од населението, тврди Евростат