Утрински Весник
Економија

Двајца браќа пронајдени мртви во стан, роднина уапсен за убиство: хорор во Германија на Велигден

Двајца браќа пронајдени мртви во стан, роднина уапсен за убиство: хорор во Германија на Велигден

Две деца биле пронајдени мртви во стан во Хокенхајм, Германија, на Велигден. Од германската полиција велат дека се работи за двајца браќа.

dobivaj vesti na viber

Момчињата биле на седум и девет години, соопштија од полицијата во Манхајм. Личност, која е во сродство на убиените деца, е уапсена поради сомнение дека го сторила делото.

„Поради ситуацијата во која беа пронајдени, полицијата претпостави дека се работи за кривично дело“, изјавил портпаролот на полицијата.

Инспекторите не соопштиле повеќе детали за причината за смртта. Според информациите, полицијата била алармирана за злосторството околу пладне.

Портпаролот на полицијата истакнал дека телото на момчето ќе биде испратено на обдукција. Не се дадени повеќе детали за децата.

Можете да прочитате

Златото влегува во нов период на слабеење на светските пазари

Славески: Младите сѐ порано почнуваат да користат финансиски услуги – финансиската едукација мора да биде дел од образованието

Нов шок на безнинските: Дизелот на 92 денари, сериозно поскапува и бензинот