Утрински Весник
Македонија

Дува засилен северен ветер, а топлиот Африкански бран кај нас слабее!

Gfs 1 18.png

Попладнево во нашата Македонија, и тоа од северните предели се прошири ветер од северен правец и истиот повремено е засилен на интензитет. Токму ова придонесува топлиот бран од Африка кај нас да слабее, а температурите постепено да опаѓаат.

Ветерот од северен правец ќе продолжи и вечерва, а понатамошно опаѓање на температурите на воздухот ќе има и во текот на ноќта, што значи дека пред нас е поднослива ноќ со северен ветер, но и со пониски температури на воздухот за разлика од изминатите неколколку вечери и ноќи.


На метеоролошката карта можете да ги погледнете измерените температури низ Македонија доцна попладнево, па може да се види дека температурите бележат тенденција на опаѓање, и тоа поради продорот на посвежа воздушна маса од север.

Можете да прочитате

Левица: Македонците плаќаат повеќе од двојно повисок мрежен трошок за струјата отколку во 2020 година

12 уапсени возачи во последното деноноќие

Малолетник пиел алкохол во локал во Кичево, па завршил во болница