Утрински Весник
Македонија

Дурмиши се сретна со трговците, конечна одлука за мерките ќе има следната недела

1 29.jpg

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши заедно со заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески, директорот на Државниот пазарен инспекторат Влатко Стојкоски и претставници од Комисијата за заштитa од конкуренција денеска одржаа состанок со претставници на најголемите трговски ланци и дистрибутери во државата.

„На состанокот се разговараше за предлог одлуката на Министерството за економија и труд за ограничување на бруто профитната маржа на 10% во трговија на големо и 10% во трговија на мало на дел од основните прехранбени производи и средства за хигена.


Трговците и диструтерите дадоа свои предлози и забелешки кои Министерството за економија и труд дополнително ќе ги анализира“ се наведува во соопштението на Министерството.

На состанокот било договорено конечната одлука да се донесе во текот на следната недела.

Можете да прочитате

Филипче со тутунарите од Оризари: Огромен е револтот од лошите политики на владата

Агресивен карцином кај 10 годишната Ева, се бараат донации

Претседателката Сиљановска-Давкова за утре го свика Советот за безбедност