Утрински Весник
Економија

Дурмиши: Oд март 2025 зголемување на минимална плата

Durmisi Besar Mia.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, најави дека од март следната година ќе се се зголемува минималната плата. Преку оваа одлука тој најави дека се залага за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните. Дурмиши најави дека во првата недела од декември ќе се одржи Економско-социјалниот совет на кој, како што најави, ќе се расправа за зголемувањето на минималната плата.

Дурмиши најави дека постојано е во контакт со стопанските комори, синдикатите, трговците и производителите.

„Во март според законот ќе се направат пресметки и ќе се види колку ќе биде минималната плата. Во буџетот се предвидени средства за покачување на минималната плата, но колку ќе биде ќе видиме во јануари и февруари. Граѓаните ќе бидат известени следната недела. Подготовката за новогодишната кошничка е при крај, со оваа мерка се планирани да бидат опфатени повеќе од 600 производи, но повеќе детали ќе ви дадеме следната недела бидејќи се планира кошницата да биде објавена некаде во четврток или петок”, рече Дурмиши. .

Можете да прочитате

Ристески: Од 1 јануари Владата ќе пресметува просечна потрошувачка кошничка

Николовски: Македонија чекор поблиску до ЕУ – потпишан Mеморандум за електронска размена на податоци со Бугарија

Оваа недела ќе се одржи 56. сесија на Клубот на истражувачите на Народната банка