Утрински Весник
Македонија

Дурмиши: Од 23 угостителски објекти, 17 со неправилности, девет губат лиценци, осум имаат рок за исправки

490806689 1288109232752446 1917345946993459472 n.jpg

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, информираше дека од вкупно 23 угостителски објекти со активни лиценци, 17 имаат утврдени неправилности. Од нив, девет веднаш ќе ги загубат лиценците, додека осум имаат рок да ги отстранат утврдените технички недостатоци.

Како што изјави Дурмиши, инспекцискиот надзор на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) покажа дека кај дел од објектите станува збор за технички проблеми што можат да се решат во разумен рок. “Контролите од ДПИ покажаа дека се работи за отстранливи технички услови. Затоа е даден соодветен рок, но ако субјектите не ги исполнат условите, ќе им бидат одземени и лиценците,” истакна министерот.


Дурмиши најави и измени на Законот за угостителска дејност, со цел посистемски пристап во контролите. Работна група веќе работи на законски решенија, кои ќе предвидат две можности за вршење на инспекција: или Пазарниот инспекторат ќе ги преземе контролните активности, или ќе се формира специјализирана комисија составена од претставници на надлежни институции. Според министерот, спорниот модел воведен во 2008 година дозволувал угостителите да пријават дека ги исполнуваат минималните технички услови без реална проверка на терен.

“Целта ни е да обезбедиме поголема безбедност, транспарентност и контрола во секторот. Граѓаните мора да бидат сигурни дека секој објект во кој влегуваат работи според сите стандарди,” додаде Дурмиши.

Можете да прочитате

Искршена камера кај домот на Вања, уништена е во вторникот вечерта

Таравари не остварил средба, но телефонски разговарал со Ахмети

Казна до 10 илјади евра за непочитување на обврската за објавување на цените на веб-страниците