Утрински Весник
Македонија

ДУИ во недела ќе избира претседатели на ограноци

ДУИ: Мицкоски со антиалбанска реторика стреми да го запре падот на рејтингот
Dik 300x250 mk

Демократската унија за интеграција ја известува јавноста дека на 2 јули – недела ќе одржи внатрепартиски избори за консолидација на нејзините партиските тела во 14 ограноци со примена на демократскиот принцип „еден член, еден глас“.

dobivaj vesti na viber

„По успешно завршениот процес на регистрација на членството, проверката и објавувањето на кандидатурите и изборната кампања на кандидатите што завршува денес, во недела го повикуваме членството на Демократската унија за интеграција слободно да се изјасни за новото раководство на ограноците во Бутел, Чаир, Дебар, Јегуновце, Кичево, Крушево, Куманово, Липково, Битола, Петровец, Пласница, Преспа, Шуто Оризаре, Велес“, велат од ДУИ.

Во текот на овој изборен процес се гласа за избор на претседатели на ограноци, членови на раководството на ограноците, претседатели на локалните подограноци и членови на раководството на локалните подограноци, процес кој ќе го води Партиската изборна комисија.

Од ДУИ велат дека со примената на овој модел при изборот на партиските органи се докажува демократскиот пристап и капацитет на Демократската унија за интеграција.

Демократската унија за интеграција им посакува успех на сите кандидати во изборната трка на 2 јули.

 

Можете да прочитате

ЗНАМ со порака до ВРЕДИ: Чесно ве поддржавме, а вие не изигравте

Владата го достави предлог буџетот за 2026 година тежок 6,75 милијарди евра

Сиљановска-Давкова: Изборите беа сосема во ред, да се размисли за ограничување на градоначалничкиот мандат