Молкот нема да ја спаси власта на ДУИ и СДСМ, од одговорноста пред јавноста, за тоа што Македонија ја уортачија, со бугарската мафија, каде овој септември дадоа 3 лиценци за нови онлајн казина во Македонија, на лица кои се познати на законот во Бугарија, велат од партијата ВМРО-ДПМНЕ.
„По одлуката на владата со потпис на Артан Груби, Лотарија, каде директор е шефот на кабинет на Артан Груби, Перпарим Бајрами, веднаш објавува оглас, со кој е практично направен фоторобот, на фирмата која треба да го добие истиот. Васил Бошков, Черепот, е на чело на 8888.бг, позната како онлајн казино, коцкарница на бугарското подземје, а тој според Блумберг, е во домашен притвор во Бугарија и е опишан како коцкарски могул и олигарх поврзан со подземјето. Клон на оваа фирма е онлајн коцкарницата 7777.бг, водена од истите луѓе, истата платформа, истата структура, само друга страница на 8888.бг.“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Според нив, додека граѓаните во Македонија, секојдневно се борат за да преживеат, додека за болните нема лекови и инфлацијата го јаде стандардот на народот, ДУИ и СДСМ ги користат и последните месеци на власт, за да приграбат што повеќе милиони за себе.