Утрински Весник
Македонија

ДУИ: Газдата на клубот „Пулс“ спроведен без лисици, а Бектеши со лисици

Dui Zgrada 98287 207965 1.jpg

ДУИ реагира дека сопственикот на дискотеката Пулс од Кочани, каде изгореа 59 луѓе, полицијата го водела без лисици, а со екс министерот за економија, Крешник Бектеши било обратно, го воделе со лисици на рацете.

„Директниот автор на трагедијата, сопственикот на клубот што изгоре и им ги одзеде животите на 59 млади луѓе во Кочан, полицијата го зема БЕЗ лисици, додека поранешен министер, кој нема никаква врска со оваа трагедија, беше придружуван со лисици, под максимално медиумско внимание“, пишуваат од ДУИ во објавата, нарекувајќи го ова „институционален срам“, „чиста манипулација“ и „кршење на правдата“.


Можете да прочитате

Пожари во Трубарево и Лисиче: Гори компанијата „Нула отпад“

Пороен дожд и грмежи утре попладне и во понеделник

Се уште нема субвенции за одгледувачите на овци, ВМРО-ДПМНЕ им сврте грб на земјоделците