Утрински Весник
Македонија

ДУИ: Дали е точно дека на снимки од дискотеката „Пулс“ има локални полициски службеници на прослави?

Dui.webp.webp

Соопштение за јавност на ДУИ:

На 16 март ги загубивме 60 млади животи. Денес, 21 ден подоцна, сè уште тагуваме, но уште повеќе боли што вистината се крие, а одговорност нема.


Што се случи со видео надзорот? Знаеме дека серверите преживеале. Дали е точно дека снимките прикажуваат прослави со локални полициски службеници само неколку дена пред трагедијата? Дали тие биле присутни и во самиот ден на настанот? Кој ги чува тие снимки, кој ги сокрива и зошто досега не се објавени?

Ја прашуваме Комората на компании за обезбедување – дали агенцијата „Рубикон” поседува лиценца? Колку од нејзините вработени биле лиценцирани според законот?

И конечно, целата локална полициска вертикала, од станицата до Министерот, знаеле дека локалот работи без лиценца, дека се користат пиротехнички средства и наркотици. И сите молчеле. Денес, 21 ден подоцна, никој не понесе ниту морална, ниту правна одговорност.

Ова молчење не е само институционален срам ова е соучесништво. И нема да дозволиме вистината да се скрие, а одговорноста да се избегне

Можете да прочитате

Средба на Муцунски со францускиот министер делегиран за Европа, Бенџамин Адад

Вработен во МВР, возел во спротивна насока, па му се заканувал на полициски службеник

Претреси низ Македонија за дела поврзани со детска порнографија