Утрински Весник
Македонија

ДУИ бара формирање парламентарна комисија, со претставници на амбасадите, како надзор на истрагата за трагедијата во Кочани

Dui 1 750x430 1.jpeg

Парламентарната група на Европскиот фронт денеска официјално ќе побара формирање на посебна парламентарна комисија за истражување, како што велат, на селективниот и едностран пристап на правосудниот систем, кој е под контрола на Владата, во третманот на трагедијата во Кочани.

„Оваа комисија треба да се формира веднаш и да вклучи претставници на ОБСЕ, како и претставници од амбасадите на САД и на земјите-членки на Европската Унија во својство на набљудувачи, со цел да се обезбеди фер, независен и транспарентен истражен процес.


Селективната правда ја потресе секој граѓанин на оваа земја и создаде без преседан ситуација која ги загрозува темелите на правната држава и довербата на граѓаните во институциите.

Неодговорноста или политизацијата на правдата за тесно партиски цели не ги загрозува само основните права на граѓаните, туку и демократската стабилност и европската перспектива на земјата.

Парламентарната група на Европскиот фронт денеска ќе поднесе официјална иницијатива за ова прашање и очекува Собранието да дејствува со максимална одговорност и сериозност за да обезбеди независно, веродостојно и инклузивно истражување.

ДУИ останува непоколебена во својата посветеност на заштита на правата на граѓаните и зајакнување на правната држава во земјата“ велат од ДУИ.

Можете да прочитате

Тошковски на централната прослава во Охрид: 34 години македонска Армија – чест, традиција и сигурност за Македонија

Одржана централната свеченост по повод 18 Август – Денот на Армијата

Филипче: Горди сме на македонската Армија и успехот да биде дел од најмоќниот сојуз-НАТО