Утрински Весник
Скопје

Дудуш до Арсовска: „Пишува ли на автобусите на ЈСП ‘забрането за Роми’“

Romi Protest Jsp.jpg

Градоначалникот на Општина Шуто Оризари, Курто Дудуш, на денешниот протест за јавниот превоз упати повеќе барања до градоначалничката Данела Арсовска, нагласувајќи дека доколку не им бидат исполнети протестите ќе продолжат и следната недела.

Дудуш рече дека само во Шуто Оризари над 90 посто од линиите ги возат приватни превозници и граѓаните немаат пристап до јавниот превоз.

„Рековте неумесно е граѓаните на Скопје да останат без јавен превоз еден ден поради недостаток од нафта. Според вас, која е замената за зборот неумесно за граѓаните на Шуто Оризари кои 730 дена немаат пристап до јавен превоз. Јас би рекол зборот е расистички. Расистички, дискриминаторски и нехумано е да оставите 40.000 граѓани без јавен превоз“, порача градоначалникот од протестот.

На Арсовска и испрати порака и да ги праша возачите од селската линија 61 која поминува низ Шуто Оризари на 3 километри од почетокот на општината колку граѓани ја користат како алтернативен превоз.

„Немате залепено на автобусите на ЈСП, ‘забрането за Роми’, ама не мора“, рече Дудуш додавајќи дека и денес кога некои линии сообраќаат низ Скопје по вчерашниот хаос со недостатокот од нафта, во Шуто Оризари повторно нема автобуси.

Тој ја повика градоначалничката да понесе одговорност и да покаже политичка зрелост.

Повика итно да се постапи по возниот ред објавен на страната на ЈСП, а Арсовска да ги подмири и долговите кон приватните превозници, но и да пушти нови автобуси.

Дудуш рече и дека граѓаните на оваа општина се’ уште чекаат изградба на паркови и булевари, како и вработувања на Роми во градската администрација.

Можете да прочитате

Граѓаните пробаа да влезат кај Данела, откако таа не излезе на протестот

Град Скопје: Во Шуто Оризари нема јавен превоз поради советничката група на ВМРО-ДПМНЕ

Протест поради проблемите со автобускиот превоз во Скопје