Утрински Весник
Балкан

Дубровник е под вода, градоначалникот повикува жителите да останат дома

1708002705 Whatsapp Image 2023 01 22 At 23.22.13.jpeg

Силно невреме проследено со обилни дождови го зафати хрватскиот град Дубровник, по што делови од градот се под вода.

Најкритично е на брегот на Лапад, каде што паднале огромни количини дожд. Водата влегла во куќите, а некои автомобили останале под вода.

Градоначалникот на Дубровник, Мато Франковиќ, се огласи во врска со ситуацијата.

„Драги сограѓани, екстремната количина врнежи ги поплави речиси сите улици во градот. Сите итни служби се на терен. За жал, ова не е крајот. Според прогнозите, од 15 до 23 часот се очекуваат дополнителни врнежи кои ќе предизвикаат уште поголеми проблеми. Ве молиме да останете во своите домови, освен ако не е апсолутно неопходно да излезете. Заштитете го вашиот имот. Нашите итни служби ќе направат максимални напори да ја испумпаат водата од објектите, но во вакви екстремни услови невозможно е целосно да се спречат поплавите“ – рече Франковиќ.

Можете да прочитате

Се поблиску до Македонија: Во Косово досега регистрирани четири случаи на заболени од западнонилска треска

Во Косово досега регистрирани четири случаи на заболени од западнонилска треска

Нападната амбасадорката на Србија во Мадрид: Инцидентот предизвикува дипломатски тензии