Утрински Весник
Магазин
300x250 opst2

Дуа Липа ќе глуми во документарец

Дуа Липа ќе глуми во документарец
Img 7972

Дуа Липа ќе глуми во нова документарна серија на „Дизни плус“.

dobivaj vesti na viber

Британската пејачка ќе биде една од познатите ѕвезди, кои се појавуваат во претстојната серија Camden („Кемдн“), во режија на наградуваниот Есиф Кападија.

Проектот, кој се фокусира на влијанието на лондонскиот кварт Кемдн, исто така во центарот на вниманието ќе ги стави Крис Мартин од „Колдплеј“, Марк Ронсон, Бој Џорџ и бендот „Блек ајд пис“.

Поединечните епизоди ќе ги водат Тоби Трекмен, Јеми Бамиро и корежисерката Сара Ламберт.

Плановите за снимање на документарната серија беа објавени во средата за време на ТВ-фестивалот во Единбург, пренесува „Холивуд репортер“.

Дуа е родена и израсната во Лондон, но нејзиното семејство потекнува од Балканот. Поп-ѕвездата претходно истакна дека потеклото е голем дел од нејзиниот идентитет.

Можете да прочитате

Ова овошје е најдобро да се јаде наутро ако сакате да ослабете

Лутеница со моркови и пиперки: Според рецептот на баба за уживање во текот на целата зима

Нова надеж за пациентите со хронични рани, комбинација на лекови со неверојатен ефект