Утрински Весник
Македонија

ДСЗИ утре ќе го објави извештајот од надзорот за починатото 5–годишно девојче на детската клиника

Detcka Klinika.jpg

Каде и како било лекувано 5 –годишното девојче од Скопје кое почина од воспаление на мозокот, од Државниот санитарен и здравствен инспекторат ќе соопштат утре. Од таму информираат дека во петокот инспектори извршиле надзор на Детската клиника каде во вторникот била констатирана смрт кај детето, но поради обемната документација извештајот ќе го објавеле во текот на утрешниот ден. Како што претходно кажаа од клиниката девојчето 2 недели било хоспитализирано кај нив поради силна главоболка.

Прво ја третирале на одделот на неврологија, но нејзината состојба се влошила и морало да ја префрлат на интензивна нега каде и била интубирана. Од установата велат дека и покрај сите напори на медицинскиот персонал детето починало од менинго-енцефалит.

За еден месец ова е трет смртен случај на дете на Клиниката. Претходно починаа новороденче од Струмица и 14 месечно девојче од Гошинце за кое се води постапка за утврдување на евентуална лекарска одговорност.

Актуелниот директор на Детска преку ФБ статус објави табела во која година и во чиј мандат имало повеќе починати и обвини дека информациите кои изминатиот период неофицијално биле лиферувани од установата имале политичка тенденција, а за информаторите не бил важен детскиот живот туку директорската фотелја и најави дека идната недела на прес конференција ќе обелодени се.

На негова страна застана и министерот за здравство.

-За жал се злоупотребуваат смртните случаи. На клиника се случуваат и смртни случаи. Директорот ми испрати и статистика за морталитетот од претходните години и сега и можам да кажам дека годинава морталитетот е намален. Ние на сите директори им даваме да раководат барем 6 месеци и затоа се в.д и после ќе одлучиме како ќе продолжиме, изјави Арбен Таравари, министер за здравство.

Претходно на социјалните мрежи Реџеп Мемеди анонимно беше обвинуван за лошо менаџирање и самоволие во раководењето на Клиниката.

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме