Утрински Весник
Економија

Државата издаде обврзница од 48 милиони евра, долгот доспева во 2039 година

Obvrznica 1170x521 1.jpg

Освен зголемениот дефицит во Буџетот, државата од месецов ќе биде позадолжена за дополнителни педесетина милиони евра кои ќе бидат обезбедени преку издавање на државна обврзница.

На Македонска берза од денес котира нова државна обврзница која Министерството за финансии ја издало на 11 јули, а рокот за доспевање е 11 јули 2039 година и 15 години.

Во известувањето од Берзата стои дека е поднесено барање од ресорното Министерство за котација на државни обврзници. Овој вид хартии од вредност се без девизна клаузула. Емисијата е со вредност од 2.947.340.000 денари.

Издадени се 294.734 обврзници со единечна номинална вредност од 10.000 денари. Проследени се со каматна стапка од 5,6 проценти.

Оваа информација на Берзата се појави еден ден откако министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска информираше за ребалансот на Буџетот обвинувајќи дека државната каса која ја наследила новата влада била оштетена за повеќе од 500 милиони евра.

На прес-конференцијата во Владата таа најави и нови домашни задолжувања, но не еден ден по ребалансот, туку кон крајот на годината и на почетокот на следната кога доспеваат најголемите долгови кон странските кредитори, еден од нив и еврообврзницата од 500 милиони евра.

Следниот јануари доспева еврообврзницата од 500 милиони евра и таа ќе мора да се врати преку издавање на нова или задолжување на друго место, вели министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.

– Имаме проблем со јануари, немаме проблем до крајот на годината да обезбедиме средства. До 25 јануари треба да ја исплатиме еврообврзницата од износ од 500 милиони евра меѓутоа во исто време имаме и државни хартии од вредност кои беа земени во 2020 година во износ некаде околу 136 милиони евра.

Сега тие мора да се вратат, можеби ќе има повлекување и враќање, но мора да ги разгледаме сите опции кои ни стојат на располагаање. Не сме многу среќни ако треба да ја земеме еврообврзницата затоа што условите се високи, а заемот од Унгарија е со многу поволна камата.

Од таа причина ние ќе правиме напори да ги обезбедиме средствата од унгарската влада, ако не ги земеме, тогаш ќе мораме да одиме со издавање на еврообврзница – рече Димитриеска-Кочоска.

Можете да прочитате

И тие кои прават торти по нарачка и оние кои продаваат преку Фејсбук ќе мора да плаќаат данок

Митреска и Бојчева-Терзијан со предавање на Здружениот виенски институт: Комуникацијата на централната банка имаше важна улога во стабилизирањето на очекувањата

Петрова: Прво ребаланс на Буџетот, па исплата на средствата за „Мој ДДВ“