Утрински Весник
Македонија

Државата ќе набави пет нови локомотиви за 21 милион евра

1000061103.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Инвестираме 21 милион евра за набавка на пет нови електрични локомотиви кои ќе бидат од суштинско значење за зголемување на карго-транспортот, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, кој денеска заедно со министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска и директотот на МЖ Транспорт, Дејан Кошутиќ го потпишаа Договорот за заем од ЕБРД за набавка на нови електрични локомотиви. 

Со новата флота од пет локомотиви и постојните четири кои се понови, ќе располагаме со девет модерни локомотиви кои ќе можат целосно да го покријат карго-превозот, а дел од нив да се користат и во патничкиот сообраќај, изјави Николоски.

Свое обраќање имаше и премиерот Христијан Мицкоски.

„До неодамна, МЖ Транспорт немаше ниту една целосно функционална локомотива. Повеќе од дваесет меѓународни товарни композиции беа стопирани во Гевгелија, без можност товарот да се транспортира кон европските пазари. Тоа значеше изгубени договори, изгубени приходи и изгубена доверба.

Но, работите почнаа да се менуваат. Со напорна, посветена и одговорна работа, од јули до септември 2024 година беа ставени во функција пет локомотиви, а до февруари 2025 година – вкупно десет од 46 постојни локомотиви. Тоа беше првиот чекор кон стабилизација, но и јасен сигнал дека проблемите не се решаваат со декларации, туку со работа.

Сепак, мора да бидеме свесни за реалноста, просечната старост на дизел локомотивите е над 60 години, а на електричните над 40 години. Тоа не е одржливо, ниту економски, ниту безбедносно, ниту еколошки.

Затоа целта на оваа набавка е јасна и недвосмислена, да се зголеми бројот на расположливи локомотиви, да се зголеми капацитетот за транспорт на стоки, и со тоа да се зголемат приходите и финансиската стабилност на МЖ Транспорт. Железницата мора повторно да стане двигател на извозот и логистиката, а не тесно грло на економијата“ порача Мицкоски.

Можете да прочитате

Осумгодишно дете од Врапчиште повредено од експлозија на петарда

Угостителот Зарков пред суд за убиството на мајка си – „Не се сеќавам на ништо“

Владата го усвои предлог Законот за јавно обвинителство